Become a Member Today. Register Here

Learning to learn

Една народна поговорка вели ,,Човекот учи додека е жив”. Секој човек што сака да напредува, да стекне нови навики и знаења, мора постојано да учи. Па затоа ние од најмала возраст се запишуваме на училиште и учиме од најразлични навики за живот, постапки, што е добро а што не, па се до начини на пишување, размислување и комуникација.


Секојдневно гледаме најразлични луѓе – од најразлични возрасти и професии – како постигнуваат успех, без разлика дали е тоа во кариерата, семејството или финансиите. Но, за тоа да се случи потребна е голема мотивација и желба, но и најразлични техники на учење.


Најголем проблем што студентите во денешно време го имаат е организирање на своето време. Поради ова најчесто гледаме случаи како што е учење пред испити кое што доведува до отпори и стагнација.


Затоа тимот на Women In Tech Macedonia стапи во контакт со неколку студенти, и ги праша за најразлични идеи и совети за како тие се справуваат со студентскиот живот.


Катерина Краљевска, студент по хемиски инженеринг на ПМФ и студент на Академијата за програмирање на Qinshift Academy вели „Секој треба да си изгради навики за учење кои се согласни со нивниот начин на размислување.“

Таа користи неколку техники за учење:

  • Користење flashcards
  • Пишување белешки за најважните факти и формули
  • Повторување на материјалот на глас
  • Цртање на шема за полесно запамтување

Катерина сето ова го постигнува со учење на материјалот од 3-4 часа секојдневно, но исто така прави и време за одмор дури и за време на испитна сесија и смета дека одморот е исто така важен колку и учењето.

Мила Ивановска, студент по физика и применета математика на Харвард, исто така има свои техники за учење:

  • Организирање за секоја седмица однапред за работите кои што треба да се завршат
  • 100% присутност на сите предавања и вежби
  • Решавање свои задачи за полесно совладување на материјалот
  • Постојано барање помош од професори и колеги/колешки
  • Наоѓање на добар ментор во текот на студирањето без разлика дали е тоа родител, пријател, професор
  • И секако, наоѓање време за одмор и спорт


Ако овие совети ви беа корисни, ќе ви се допадне и она што следува – организиравме настан посветен токму на оваа тема.Освен овие совети, тимот на Women in Tech Macedonia организира и онлајн настан со наслов ,,Growth Mindset: Клучот за доживотно учење и личен развој” кој ќе се одржи на платформата Zoom на 8 Април во 18 часот попладне.

Како говорници ќе присуствуваат:

Викторија Јордановска – основач на VIANLP (Виенска меѓународна академија за НЛП), сертифициран НЛП тренер и коуч за развој на човечкиот потенцијал.

Таа ќе зборува на следните теми:

  • Како да ги надминеш своите предизвици при учењето и да стекнеш одржлива навика за учење – преку интерактивна вежба и дискусија
  • Вредноста на менторството, споделување на знаење и формирање на заедници
  • Како мозокот ги перцепира информациите, каде ги складира и како да ти останат информациите во долготрајната меморија



Лазар Ѓуров – универзитетски професор на Воената академија во Скопје, кој ќе зборува на:

  • Како да стекнеш growth mindset, да го надминеш стравот од неуспех и импостор синдром
  • Како да ги замениш старите концепти на работа со нови за полесна адаптација
  • Техники и платформи за ефективно и ефикасно учење
  • Како да останеш постојан ученик и да се подобруваш благодарение на тоа


Линк за регистрација:  https://bit.ly/4424EoI

Ве очекуваме!



Пишувано од: Никола Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn